Калта Минор -Минарето на Хива

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Калта Минор е еден симбол за градот Хива во Узбекистан . Првото нешто поврзано со минарето што остава впечаток, е неговата фасада , која е покриена со ликовни шарени плочки.7c78ca4f9c71b4efe99c9844d997dec6

Боите на Калта се дефинитивно во контраст со сите згради наоколу, давајќи дополнителен шарм на знаменитоста.

Минарето е создадено од Мохамед Амин Хан – владетелот на Хорезмија (античка држава, која се наоѓа во Средна Азија) во1852 година .

Според легендата тој сакал да се изгради толку високо минаре за да се гледа низ целиот пат до далечниот град Бухара (кој се наоѓал на 400 километри оддалеченост).

Според некој Калта Минор требало да се издигнува на околу 70-80 метри над земјата, додека други зборуваат за 110 метри. Таа висина требало да го направи минарето највисоката зграда во цела Централна Азија.

Плановите на Мохамед Амин Хан сепак останале недовршени , бидејќи само три години по започнувањето на изградбата на минарето владетелот е убиен во битка со Туркменистан.

Така Калта Минор засекогаш останува со висина од 26 метри и со дијаметар  од 14,5 метри. Малку потоа луѓето почнуваат да ја викаат зградата “Калта минор” или “Ниското минаре”.

Тоа е единственото минаре, кое е покриено целосно со керамички плочки. Тие формирааткомплексни, различни форми во неколку бои, а преовладувачките бои се сината и зелената .

7decf9c13fb30bad11364e311c19ec76 e1f50474da6d84f74ab51bc937ed97b7 0f20209b6d2a0e1ab50b16f5267bfea3 e3144cbdfc3e86cba93c7326b63f293b 980b5b962f56f0b0bbafe10379763ed4 f96e8d09ae95541bc77f22baf3cc389c 60ead4cf11f7a254ec894e2f2cdd101f b648e18b0594a7741de0a017cf671011