Оер по Стразбур; Македонските граѓани заслужуваат да бидат целосно информирани во однос на дијалогот што се води

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Отпочнат е еден процес во Стразбур на кој треба да му дадеме шанса и навистина она што беше кажaно минатиот понеделник од шесте амбасадори како порака до политичките субјекти сè уште важи, но од друга страна мора да напоменам дека македонските граѓани заслужуваат да бидат целосно информирани во однос на дијалогот што се води, рече денеска Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија, пренесе Радио Слободна Европа.

8F424FA0-2B8F-4618-B63C-3E4700319962_w268_r1_cx1_cy0_cw100
Оер денеска заедно со вицепремиерот Фатмир Бесими присуствуваше на настанот кој го организираше француската амбасадата под мотото „На кафе пауза со француската амбасада“.

Оер не сакаше да коментира околу можниот исход во однос на преговорите кои се водат меѓу лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија со посредство на европски преставници.

– Сите претставници на меѓународната заедница, особено моите европски колеги не сакаме да даваме коментари затоа што сме обединети во преговорите што се водат, а секој коментар од наша страна би значело неодговорно однесување, но македонските граѓани имаат право да бидат информирани за преговорите – рече Оер.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на новинарските прашања дали ДУИ ќе ја напушти владеачката коалиција и какви се нивните ставови за барањата на СДСМ, одбегна да одговори, порачувајќи дека политичкиот дијалог треба да биде во функција на евроатланскиот пат затоа што случувањата во земјава го загрозуваат тој пат. Тој истакна дека во овој момент е важно брзо да се видат резултати.

– Тоа што е исклучително важно во овој период е политичкиот дијалог да даде резултати што е можно побрзо, да дојде до решение и на тој начин на еден единствен начин да дадеме можност Македонија да не ја испушти шансата за евроатланска интеграција, односно членство на Македонија во ЕУ. Македонија станува сè почесто тема на состаноците во институциите на ЕУ и важно е земјата да прати вистински сигнали дека ние сме заинтересирани за членство во ЕУ, а тоа не е само до формален аспект, туку и од суштински аспект – рече Бесими.