Западен Балкан се претвори во извор за прибирање на странски терористи во Ирак и Сирија делумно поради војните во поранешна Југославија. изјави заменик-државниот секретар на САД Сара Сивол на конференција во албанската престолнина Тирана, посветена на безбедноста и борбата против тероризмот.
Таа ги повика земјите од регионот да прифатат национална стратегија за борба против тероризмот и да ја зајакнат соработката, за да спречат регрутирањето на џихадисти.
Според студија на САД 700 лица од Западен Балкан, главно од Босна и Херцеговина и Косово, се приклучиле на радикалните исламисти во Сирија и Ирак.
На дводневниот самит во Тирана учествуваа експерти за безбедност од земјите од Западен Балкан и од неколку земји членки на ЕУ.
