Градоначалникот Трајановски побарал продолжување учебната година за средношколците

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Минатата недела градоначалникот Коце Трајановски од министерот за обрзование и наука, Адеми побарал продолжување на учебната година во неколку гимназии заради бојкотот на наставата на средношколците.koce-trajanovski

Трајановски ова го прави во договор со директорите кои тврдат дека поради бојкотот се изгубени многу наставни часови кои можат да се надокнадат само со продолжување на наставата.

pismo-koce

„Во изминатите две недели во дел од средните училишта на Град Скопје, учениците ја бојкотираа наставата.На тој начин беа изгубени многу наставни часови. За првите три дена од бојкотот, според решенијата кои ги добивме од ДПИ изготвивме планови за надоместувања на тие денови. Но, бидејќи бојкотот продолжи и во наредните денови, започнувајќи од 9-ти април 2015 година,немаме подготвено планови, а со оглед на постоечките работни денови до крајот на наставната година, нема ни доволно време за планирање на нивно одработување. Затоа како надлежен за средните училишта на Град Скопје, ви се обраќаме со барање да ни помогнете наставната година да се продолжи и сите изгубени денови на овој начин да се одработат. Исто така во името на активот на директори на средните училишта на Град Скопје , бараме да бидеме вклучени во работни групи за изготвување и донесување на измени на Законот за средно образование“, стои во писмото на директорите од средните училишта “Здравко Цветковски”, “Никола Карев”, “Георги Димитров”, “Орце Николов”, “Јосип Броз Тито” и “Раде Јовчевски Корчагин”.

Градоначалникот, ова барање го проследил до министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.Во барањето Трајановски го образложува предлогот на директорите и бара согласност од министерот за продолжување на наставната година.

]pismo dire