Робин Тик одлучил да го напушти журкаџискиот стил на живот, кој го водеше до скоро во Лос Анџелес, па се пресели да живее во многу Смиреното Малибу.
Поп-пејачот доби нова куќа за 2,4 милиони долари веднаш по финализирањето на разводот со актерката Пола Патон.
Куќата во Малибу на изведувачот на хитот “Blurred Lines” располага со 4 спални, спектакуларен поглед на Тихиот Океан, 60 овошни дрвја, како и еден коњ.
Интересно во случајот е дека во новиот дом на Робин нема дури ни базен што не е особено секси. Претходниот дом на Тик во западен Холивуд, кој тој го
продаде неодамна за 5 милиони долари, беше многу импресивен.
Јавно сепак Робин е на бран “промени”, бидејќи во последно време смени многу нешта во својот живот – жената, куќата и престана со дрогата и алкохолот, ако се верува на гласините.
Тој доживеа и доста лични и професионални проблеми во последно време. Прво околу крахот на 10-годишниот брак со мајката на синот, а потоа и за прашања поврзани со авторските права на песната со Фарел Вилијамс.
Разгледајте ја куќата во галеријата.







