Алсат: Мијалков и натаму на чело на тајната полиција

од desk3
94 прегледи

Десет дена по оставката, Сашо Мијалков се уште е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тоа може да се види и на интернет страницата на тајната полиција, но и во службените весници на Република Македонија-пишува Ал сат.

mijalkov1

Имено, од 12-ти Мај до денес не постои објавена владина одлука која во својот наслов содржи решение за разрешување на стариот или именување на нов директор на УБК. Неофицијални извори пак тврдат дека тој се уште редовно си доаѓа на работа.

АЛСАТ М испрати редица прашања до прес службата на Владата. Меѓудругото, дали Мијалков се уште е формално правно директор на УБК и кога може да се очекува избор на неговиот наследник. До овој дневник, одговор не стигна.

Директор на УБК поставува Владата на Република Македонија. Но според Законот за внатрешни работи предлогот доаѓа од министерот за внатрешни работи. Дали наследникот на Гордана Јанкуловска, Митко Чавков, испратил таков допис до Владата од полицијата денеска не можеа да потврдат. Не упатија сите одговори да ги бараме од Владата.

Својата оставка Мијалков ја поднесе истиот ден со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за транспорт Миле Јанакиески. Првичната реакција од кабинетот на Премиерот беше дека им ги прифатил одлуките на тројцата. Двата владини ресори експресно добија нови министри. Тоа не беше случај со директорското место во тајната полиција но и со бирото за јавна безбедност, каде директор беше токму новиот прв полицаец Митко Чавков.

Извор: ТВ Алсат