Во Канада, Франција и Австралија имаат диктатура, сметаат осмоодделенците во САД

од Vladimir Zorba
86 прегледи
33% од осмоодделенците  во САД сметаат дека во Канада, Австралија и Франција има диктатура, забележува CBC, повикувајќи се на Националниот центар за статистика на образованието на САД.256x181

Податоците се дел од извештајот од 2014 година за национална проценка на образованието во САД. Во него се вклучени резултатите од тестови извршени од 29 илјади ученици во 8 одделение во американската држава. Учениците кои учествувале во оценувањето, дале различни одговори предмети како американска историја, географија и граѓанско учење.

Едно од прашањата во тестот е: “Имаат ли нешто заедничко сегашните влади на Канада, Франција и Австралија ? “. Постојат четири одговора ;

Контролирани се со  војската

Имаат устави, кои ја  ограничуваат власта;

Имаат лидери со апсолутна власт;

Попречено учество на граѓаните во јавните работи.

23% од учениците одговориле дека во овие држави лидерите имаат апсолутна власт , 10% пак се одлучија дека контролата се држи со војската , а 12% истакнале дека се попречува граѓанско учество.

54% од учениците одговориле правилно на прашањето.

“Мислам дека има голем проблем и тој е дека Американците знаат многу малку за Канада “, изјави Кенет Холанд, извршен директор на Центарот за меѓународен развој во државниот универзитет во Индијана.

“Канада е многу важен сојузник на САД. Можете да го видите светот. Украина, Ирак, Сирија: Канада е рамо до рамо со САД”, истакна тој, додавајќи дека резултатите можеби се показател за голем неуспех во образовниот систем на САД .