Од идната среда, според извори во раководството на опозициската СДСМ, по најавената пауза, ќе продолжи серијалот објавување “бомби“ од скандалот прислушкување. СДСМ на јавноста и вети дека ќе и ги обзнани аудио материјалите со кои располага, и тоа ќе го направи, без разлика на процесот на разговори за решение на длабоката криза, дознава Либертас.
Во пакетот необјавени бомби се вистината за случувањата со затварањето на тв А1, грозоморното злосторство кај Смилковското езеро, но и полициските акции Детонатор, Шпиoн и уште некој, за да слушнат граѓаните зошто истите биле правени.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев,изјави дека пред почетокот на објавувањето, биле спремени 102 папки, односно „бомби“ со докази за криминал и злоупотреби, а пред големиот граѓански протест било планирано објавување на 35. Објавувањето на 2 помалку, односно 33, го припишува на настаните во Куманово.
