Русија се правда пред Бугарија за изјавата на Лавров за Македонија

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Министерството за надворешни работи на Бугарија го повикало заменик-амбасадорот на Русија во Софија, Александер Шапел, за да ги објасни забелешките на шефот на дипломатијата Сергеј Лавров дека се бара поделба на Македонија за поедини делови од неа да не се присоединат кон Бугарија и Албанија. Заменик-амбасадорот е повикан на разговор бидејќи амбасадорот Јуриј Исаков денеска бил надвор од земјата, пишува 24 часа.бг.

Image_4780969_126

Освен што било побарано појаснување за споменувањето на Бугарија во контекст на сценарија за дестабилизација на Македонија, на заменик-амбасадорот Шапел му биле повторени ставовите за поддршка од страна на Софија за територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, со додавка дека за Бугарија се сосема неприфатливи сугестиите за нејзино какво било учеството во сценарија за дестабилизирање на Македонија. Шапел тврдел дека министерот Лавров не сакал да каже дека бугарски официјални лица учествуваат во дискусиите за поделба на Македонија, а кои во изјавата беа именувани како „некои“.

??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Според него, изјавата не се однесувала на официјалната бугарска позиција , туку „за идеи во оптек во медиумите, вклучувајќи ги и бугарските“. Бугарската страна го прифатила ова објаснување, истакнувајќи дека во изјавата на Лавров не била направена ваква разлика, што довело до потребата за категорични реакција на шефот на дипломатијата Даниел Митев, кој коментарот на рускиот министер го нарече „многу неодговорен“.

„Стабилноста во регионот на Западен Балкан е од огромно значење за нашата национална безбедност и ние не можеме да си дозволиме каква било двосмисленост на ова прашање“, рекол рускиот дипломат. Бугарската страна, исто така, истакнала дека кризата во Македонија има политичка природа и не треба да се дозволи со вакви сугестии да се развие во меѓуетнички конфликт.

„Двете страни се согласија дека политичката криза во Република Македонија треба да се реши во најкус можен рок и ги изнесоа различните ставови за механизмите што може да се применат за да се постигне оваа цел“, соопштија од бугарското МНР.