Според српскиот министер за надворешни работи и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Ивица Дачиќ,ова е моментот кога треба Македонија и покрај кризата да излече поволности и да го реши проблемот со името.
-Треба да се извлече полза од вниманието кое ЕУ во овој момент и го посветува на Македонија, затоа кога се функционира тие не ве ни забележуваат и не сте интересни – вели Дачиќ. Треба да се искористи да се добие нешто од меѓународната заедница во процесот на решавање на кризата вели Дачиќ
Тој смета дека политичката и безбедносната криза во Македонија е проблем за ОБСЕ, но и за целиот регион, вклучувајќи ја и Србија.
– Кога пред три месеца бев во Македонија, веќе тогаш се гледаа знаци на криза. Овде постојат два вида проблеми, политички и безбедносни, кои не можат да се одвојат поради тоа што постои судир на власта и опозиција, но и помалку изразени меѓунационални судири. Појавата на терористички банди и човечки жртви е доста опасна, вели Дачиќ во дебатата на РТС.
Поранешниот премиер на Србија вели проблемите во земјава можат да се решат само со политичка волја и европска перспектива.
– За 20 години ЕУ не организирала ниеден состанок на тема Македонија, додека истовремено Косово е постојана тема, иако постои поголема опасност од натамошниот развој на настаните во Македонија, на која Србија ѝ посакува стабилност, изјави министерот на Србија, кој смета дека Меѓународната заедница носи одговорност за кризата во Македонија.
