Рускиот претседател Владимир Путин потпишал закон против “непристојни” странски и меѓународни невладини организации, пренесе АФП.
Со него обвинителството ќе има право да стави крај на активностите на таквите во земјата, ако проценат дека тие се закана за уставниот поредок, одбраната и безбедноста.
“Хјуман рајтс” веќе се најави против новите мерки и предупреди за последиците за општеството.
САД исто така, изразија загриженост од активностите на рускиот претседател. Во изјавата на портпаролот Мари Харф се вели дека овие чекори ќе се одразат уште негативно врз слободата на говорот и граѓанското општество во земјата.
Потсетува и дека во последните години се зголемил и притисокот врз руски слични организации, особено оние кои кои добиваат средства од странство.
