Борисов ги сака моштите на Св. Кирил во Бугарија, средбата со Г.Г. Стефан била “бела ластовичка” на односите со Македонија

од desk3
87 прегледи

Стотици Бугари исполнија базиликата “Сан Клементе” во Рим, каде што е гробот на св. Кирил, за литургијата за светите браќа Кирил и Методиј вчера.

Запрашан што мисли за идејата на Светиот синод моштите на свети Кирил, кои се во базиликата “Сан Клементе”, да бидат пренесени во Бугарија, Бојко Борисов рече дека во принцип го поддржува сето за што ќе одлучи Светиот синод: “Длабоко сум верник, па откако го понуди Светиот синод … ”
Поглаварот на македонската црква – архиепископот Стефан, дојде по своја желба да ги ислуша литургијата за 24 мај во римската црква “Св. Павле “, на која присуствуваше пред тоа и Борисов.

“Тоа според мене е бела ластовичка на односите со Македонија “, го коментираше премиерот присуство на архиепископот Стефан пред бугарски новинари.