(ВИДЕО) Св. Кирил и Методиј како да потекнуваат од Москва… грандиозна прослава

од desk3
155 прегледи

Додека во Скопје и во Софија прославите на Денот на словенската писменост и браќата Кирил и Методиј се одвиваа релативно скромно, во Москва, на Црвениот плоштад се собраа илјадници луѓе за еден од најспектакуларните концерти. И како самите медиуми во Русија коментираа:

 

“Такво нешто не беше се видело никогаш!” Денес во сите храмови на Москва службите почнаа порано од обично. Црковните церемонии беа предводени од неговата Светост патријархот Кирил, кој изврши Божествена Литургија. Подоцна на Црвениот плоштад тој рече:

“Стана традиција да го одбележуваме овој празник тука, на Црвениот плоштад со концерт и песни. При тоа овие песни не се ограничуваат само тука, на овој плоштад и со оние луѓе кои се наоѓаат тука. Просветителството – тоа е просветлување на умот и срцето. Токму на тоа се држеле нашите просветители Кирил и Методиј. И ако просветителството на умот е поврзано со образованието и науката, тоа просветителството на срцето е поврзано со такво влијание на човечката душа, кога од неа се оттргнува злото. Да ја просветлиш душата, значи да се изтргнеш од злото. Да ја посветиш во власта на светот. ”
Претседателот Владимир Путин, исто така му честиташе патријарх Кирил:

“Сакам лично да ве поздравам и да ви се заблагодарам за тоа што го правите за православните во Русија и не само тука”, рече тој.

“Токму овој празник ни помага да разбереме со каков здрав јазол се поврзани словенските народи”, изјави и премиерот Дмитриј Медведев.

Во навистина невидени по својата грандиозност концерт учествуваа едни од најдобрите хорови од целата земја – над 2.000 луѓе застанаа на сцената на Црвениот плоштад. Во концертот учествуваа Централниот воен оркестар на Министерството за одбрана на Русија, оркестарот на руските народни инструменти, хорот на московскиот Сретенски манастир, популарни уметници од киното и естрадата. Најдобрите солисти на руските хорови се собраа и ка исполнија “Многое лета”.

Уште пред почетокот на концертот на Црвениот плоштад се собраа илјадници луѓе – млади и стари, кои го очекуваа почетокот на празникот. Дури и по завршувањето, независно од дождот, тие не се разотидуваат, туку продолжуваа да стојат, прославувајќи го Денот на словенската писменост и култура.