Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на дебатата „Каква Македонија сакаме“ најави дека нема да почне разговори во Клубот на пратеници, доколку не бидат пуштени сите новинари во објектот.
-Утре моите асистенти кога ќе бидат со мене во клубот на пратеници, додека не ми дадат сигнал дека сите новинари се пуштени внатре, јас преговори и разговори не почнувам. Политичарите мора да дозволат прашања и да одговарат на истите, не можеме да велиме дека седмата сила е совеста во општество, како ќе биде таа сила охрабрена ако не смее да поставува прашања.
Во поглед на нассилите и тепањето новинари, заев изричит:
-Ова што деновиве се случува со напад на новинари, синоќа беше запален уште еден џип, ова додека имам влијание ќе се залагам сторителите да бидат изведени пред правдата. Одговорност за ваков безобрзлук мора да има, рече Заев.
Според него, со создавање на преодна влада, и во иднина ќе мора веднаш да се создадат независни медиуми.
-МРТ мора да биде целосно независен субјект во државата. Хрватскиот модел е лесно применлив, мора да се гарантира финансиската независност, тој мора сам да носи одлуки во делото на уредувачките политики, и ќе има комплетна целосна независност.
Не смее да се водат цели кампањи на државата, тоа ќе може да го прави преку соопштение, а не да биде начин преку кој ќе бидат корумпирани. Советот за радиодизузија мора да се исчисти од политичко влијание. Ако има независни медиуми, голем дел од работата сме ја завршиле.
Уредникот на Алсат-М, Мухарем Зекири, рече дека е дојдено време да се стави крај на оваа владеење.
– Ние од идната влада очекуваме да престане да го прави она што старата го правеше, мора да престанат заканите кон неистомислениците. Приоритетно е да ги тргне рацете од јавниот сервис, кој мора да биде сервис на граѓаните. Второто, треба да престанат да се купуваат приватните медиуми со народните пари. Трето, во Агенцијата за медиуми не смее да има место за партиски луѓе. Законите за медиумите мора да претрпат измени. Критичните новинари на оваа власт ќе бидат покритични кон секоја друга власт – порача Зекири.
Тој на лидерот на опозицијата му порача дека ќе го држи за збор за се ова што тој го ветил и ќе го потсетуваат за овие ветувања .
Власта треба да биде слуга на граѓаните и треба да стравува од корективот на новинарите, рече Заев.
На дебатата „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“, која почна во кампот на слободата пред Владата, во првиот циклус учествуваа Наталија Поповска од Транспарентност Македонија со ставови од областа транспарентност на институции и трошење јавни пари, Мухамед Зекири, новинар кој зборуваше на тема медиуми, Дона Костуранова од Национален младински совет на Македонија зборуваше за младите и Ирена Стефоска од Vox Academica на тема образование.
