Српскиот премиер Вучиќ во историска посета на Албанија

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Српскиот премиер Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Албанија. Тој ќе се сретне со неговиот албански колега Еди Рама, со шефот на државата Бујар Нишани, со претседателот на парламентот Илир Мета и со градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша.

C8CB79DF-F18F-40B9-8231-0B380B509ADD_w308_h173 (1)

Првпат во историјата еден српски премиер патува за Албанија. Посетата на премиерот Вучиќ на Тирана се случува во вжештена атмосфера на Балканот и тоа не само поради несогласувањата меѓу Албанија и Србија околу Косово. Во посета на Албанија никогаш не беше ниту некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, кој беше прифатен и од Западот и од Истокот. Патот кон „земјата на орлите“ досега не го најдоа ниту некогашните југословенски, а потоа српски премиери.

Српскиот премиер Александар Вучиќ ја добива оваа шанса иако неговата радикална националистичка реторика во 90-тите години на минатиот век беше повеќе од проблематична. Тој тогаш заедно со актуелниот српски претседател Томислав Николиќ и лидерот на радикалите Војислав Шешељ беше еден од најголемите поддржувачи на великосрпската политика. Но српскиот премиер денес е друг Вучиќ, човек кој се обидува да ја турка европската агенда во Србија

Во текот на вториот ден од посетата Вучиќ ќе учествува на економски форум на кој ќе присуствуваат и други премиери од регионот.