338
Знаме на терористичката група Исламска држава (ИД) е поставено на една куќа во селото Ошве во Федерацијата Босна и Херцеговина, објави босанскиот весник „Независне новине“.
Весникот наведува дека Ошве важи за најголем центар за врбување на радикални исламисти, кои потоа се борат во Сирија и во Ирак.
Ошве стана познато откако неколку радикални исламисти, кои се бореле на страната на ИД, купиле земјиште во селото.
Во зимата знаме на ИД беше поставено и во село Горња Маоча, кое е центар на вахабистичката заедница во БиХ.
Военото знаме на Саудиска Арабија на почетокот од месецот беше ставено на знак на патот во близина на Нови Град, а на зграда во Тузла веќе две години се вее црно зелено знаме, на кое се испишани цитати од Куранот на арапски јазик