Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска јго посетија кумановско Диво насеље, каде пред скоро три недели беше спроведена полициската акција за разбивање на вооружена група. Тоа беше излоиран настан и нема нарушување на безбедноста, и она што е најважно не беше меѓуетнички судир и граѓаните останаа заедно констатираа посетитлеите на ова неодмана кризно Куманово.
Чавков изјави дека настанот во Куманово бил изолиран и дека вооружената група не добиле поддршка од локалната заедница. Тој порача дека полицијата поинтензивно и поактивно ќе работи на благовремено идентификување на евентуални закани. Според него, македонските безбедносни сили не затаиле во случајот со Куманово.
Бејли изјави дека дошол да им даде поддршка на полицијата, граѓаните и на градоначалникот. Според него, најзначајното е дека граѓаните ја отфрлиле идејата дека тоа е етнички конфликт и дека насилството е прифатливо за нив. Тој дошол во Куманово да им даде поддршка на полицијата, граѓаните и на градоначалникот по настанот од 9 и 10 мај.
– Дојдов за настанот во Лопате, но не можев да го одминам Куманово и да им дадам поддршка на полицијата, граѓаните и градоначалникот кои пред две недели прежививеаја значајна драма, но и за заложбата и животите кои ги дадоа храбрите полицајци. Најзначјано е тоа што покрај тоа низ што минаа, граѓаните останаа и се држеа заедно и ја отфрлија идејата дека ова е етнички конфликт и дека насилството е прифатливо за нив. Мислам дека тоа е многу значајна порака. Тука сум да ја да ја изразам мојата загриженост во име на пријателството на САД и да поразговарам со локалните водачи со цел да се зачува атмосферата во населбата која владеела и порано, изјави американскиот амбасадор Бејли.
Кумановскиот градоначалник Дамјановски рече дека министерот за внатрешни работи Чавков најавил соработка и посета на општина Куманово.
Претходно, Чавков. Бејли и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски имаа заедничка средба во СВР Куманово.
