Неодамна Анџелина Џоли и Бред Пит ја објавија во продажба куќата во Њу Орлеанс, но во последно време поминуваат доста време во модерна палата во Калифорнија.
Во принцип актерската двојка е позната по тоа што не се задржува долго време на едно место, но оваа година 8-членото семејство речиси не ги има напуштено САД, можеби поради последната исцрпувачка операција на Анџелина (неодамна таа мавтаа јајниците како превенција од рак ).
За жал пред неколку дена приватната плажа на Џоли и Пит беше загадена од големи поплави во океанот.
Инаку Пит ја купи куќата во март месец 2005 година, набргу откако го објави разводот со Џенифер Анистон . Тогаш тој го доби имотот на плажа во Малибу за сума од 8,4 милиони долари, а шест години подоцна ја беше објавил за продажба за 13 милиони, но очигледно се откажал од идејата да се дели со неа.
Според гласините тој сам го дизајнирал екстериерот и внатрешниот изглед на домот, како и дел од мебелот. Зградата има тениско игралиште, базен, бамбусов паркет, сончево греење и куќа за гости.
