Претседателскиот кандидат на СДСМ на последните избори, Стево Пендаровски, тврди дека зад кумановските настани стојат актуелните владејачки структури во Македонија. Тезата ја темели врз информации со кои располагал иако изразува и резерва, дека можеби има околности кои не му се докрај познати-пренесува ТВ Ал сат.
Коментарот доаѓа по се почестите новинарски текстови од Косово но и од Македонија во кои дури беше откриен идентитетот на таен агент на Агенцијата за разузнавање, а кој наводно се среќавал со дел од лидерите на кумановската група во месеците пред настаните од 9 Мај. Пендаровски сепак смета дека фокусот мора да се помести на прашањето- кој дал наредба за тие средби.
„Мислам дека многу повеќе акцент се става на оние што биле таму, што преговарале, со дали се платеници, дали се терористи сосема сеедно. А не се поставува прашањето кои ги пратил тие луѓе таму бидејќи и за тоа постојат и документи и снимки и информации. Дел од тие работи опозицијата поседува, многу повеќе поседуваат некои наши меѓународни пријатели. Значи, политички фактори од Скопје, по она што јас го знам и допуштам дека тоа не е целата вистина, ги имаат инструирано овие оперативци да ги прават тие работи што ги правеле. И тоа е една парадоксална ситуација, Вие сте на власт … вие организираните ваква работа. Зошто? Веројатно, тоа е моја претпоставка, да престане оваа долга и мачна бомбашка серија на опозицијата наспроти вашата власт“, вели Пендаровски.
Во својот настап, Пендаровски објасни дека агентите за своите средби сигурно изготвувале и соодветни документи и белешки, односно дека сигурно има писмена трага што и по чиј налог се правело. Сепак, оцени дека не очекува било која од тајните служби да излезе со став по прашањето и новинарските текстови.
Повеќе ТУКА