Руската црна листа за ЕУ

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Москва ја објави “црна листа” со 90 имиња на политичари од Европската унија на кои им е забранет влез во Русија. Ова е одговор на санкциите кои ги водеде Унијата против Русија, бидејќи го анектира Крим и е вмешана во настаните во Украина, изјави денеска премиерот на Холандија Марк Руте.

Image (2)

“Русија вчера ја предаде листа на различни европски амбасади и на неа се оние кои повеќе не се во можност да дојдат во Русија”, рече тој  на редовниот брифинг, додавајќи дека први на листата се двајца холандски пратеници и холандски пратеник во европскиот парламент.

На таа листа, наводно, има меѓу 80 и 90 имиња, рече Руте.

Тој додаде дека ова е одговор на забраната за патување наметната од страна на ЕУ кон Москва, по руската анексија на Крим и наводната вмешаност во источниот дел на Украина.

Претставници на дипломатската служба на ЕУ во Брисел изјавија дека Русија во последниве месеци им забрани на неколку европски политичари да влезат во Русија, но досега одбиваше да ја објави листата.

Руте рече дека руската “црна листа” не се заснова на меѓународното право, таа не е транспарентна и може да се оспори пред суд.

На листата се наоѓа Ги Верхофштад, претседател на Либералната група во Европскиот парламент и поранешен премиер на Белгија, изјави неговиот портпарол