Во американскиот град Феникс се одржува антиисламски протест

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 Во американскиот град Феникс, каде во петокот беше отворена изложба на карикатури на пророкот Мухамед, се одржува антиисламистички протест, објави Reuters .

6450ef9ddadea774b74fd209a6416d0e

Пред џамијата, во реонот на кој се наоѓа изложбата, се собрале околу 75 лица, настроени против исламот, некои од кои се вооружени. Кон плоштадот пред џамијата продолжуваат да доаѓаат демонстранти.Органите на редот прават напори  да се оддржат мерките за безбедност во регионот.
Претходно се соопштуваше дека претставниците на муслиманската заедница во Феникс ја  осудиле  изложбата на карикатури.

7c299d682e6c426d94393b66999125c1

Градоначалникот на градот Грег Стантен изјави дека “не смета дека изложбата е добра идеја”, но и покрај тоа нејзините организатори добиле дозвола за спроведување на манифестацијата