Мексико е трета по големина држава во Латинска Америка, што укажува дека земјата дефинитивно има со што да ги фасцинира своите посетители. Мексиканските летувалишта се едни од најпознатите места за одмор, вклучувајќи и од многу Американци и познати личности.
Ова, се разбира, не е сосема случајно. Мексико има своја магија. Прочитајте некои интересни факти за земјата и сигурно ќе почувствувате барем мал дел од неа:
Храна:
1. Буритата и тако-ата се меѓу најпопуларните јадења во Мексико. Тие можат да бидат направени од пченка, брашно и дури и кактус. Месото и зеленчукот пак се со многу зачинет сос.
2. Туристите се соочуваат со голема разновидност на свежо исцедени сокови на секој агол, но треба да внимаваат, бидејќи трговците може да стават во соковите мраз со непознато и потенцијално опасно за здравјето потекло.
3. По улиците дури и се продава овошје, кои ќе го посипете со шеќер и чили во прав .
4. Вкусен домашен сладолед исто така може да биде пронајден на улица. Ако сепак одлучите да купите таков, задолжително треба да одредите дека не сакате “зачини” во него.
5. Во градот Текила (скратен од Сантијаго де Текила) се произведува поголемо количество од истоимениот пијалок.
6. Синото Агаве е растението кое се користи за правење на текила – спротивно на популарното верување дека алкохолни пијалоци се прават од кактус. Синото Агаве припаѓа на семејството на аспарагус.
7. “Tekilero” – така се нарекува експертот за текила .
8. Пченка е универзален производ, кога станува збор за мексиканската кујна. Таа може да се консумира варена, печена и во секакви јадења.
9. Месото во селата често се продава неоладено. И покрај жегата тоа виси на кука.
Карипското Море и мексиканските плажи:
10. Песокот на Карипскиот брег има корално потекло. Тој е многу фин, бел и речиси не се вжештува . Дури при 40 степени температура може да одиме по него.
11. Водата на Карибите е многу топла – околу 25-28 степени во текот на целата година.
12. Во близина на Канкун е лоциран Подводен музеј со 400 скулптури , кои се позиционирани на длабочина меѓу 2 и 10 метри. Веројатно тој ќе им се допадне на луѓето кои се уморни од нуркањето и разгледувањето на тропски риби и корални гребени.
13. Плажите на Канкун и Тулум се рангираат меѓу десетте најдобри плажи во светот, според оценката на TripAdvisor.
14. Сеноте е природен бунар или мало езеро. Предметните природни бунари биле користени од Маите како извори на вода и места за жртви. Сеноте е соодветно и за љубителите на нуркањето. Повеќето природни бунари се наоѓаат во пештери, а водата им е кристално чиста и мирна .
15. Мексико е родното место на многу скапоцени камења , како на пример: опал, аметист, тиркиз и други.
А сега погледнете ја галеријата и проверете го Мексико низ очите на туристите.
