Премиерот на Грција Алексис Ципрас подготвува проект за договор со доверителите, се очекува дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе донесе политичка одлука во наредните часови, јави РИА Новости.
Вчера во резиденцијата на грчкиот премиер се одржа состанок на групите политички преговарачи, која траеше 8 часа , но по неговото завршување немало изјави.
“Се смета дека за склучување на договор ќе биде потребна политичката интервенција на лидерите на Германија и Франција, како продолжение на нивните контакти со премиерот на Грција во Рига.
Во наредните часови се очекува нова трилатерална видеоконференција, со цел проценка на преговорите и можна нова политичка интервенција “, се наведува во соопштението на грчките медиуми.