Во Кампот на слободата пред Владата на Република Македонија денеска повторно ќе има „бомби“ од СДСМ, која најверојатно ќе се однесува на затворањето на најгледаната А1 тв. Снимките од прислушкуваните разговори пред Владата ќе бидат емитувани во живо .
Покрај вообичаените активности на Кампот и бомбите, вечерта од 19 часот ќе има дебата за МРТ, а потоа од 20 часот музика ќе пуштаат актерите Драган Спасов – Дац и Владимир Лазовски.
Подолу е целата програма:
08:00 – 16:00 Средување на кампот и дневни активности
16:00 – 21:00 Хуманитарен базар
@[null:#ТикТакТикТак]
19:00 – 20:00 Дискусија: “МРТ – Јавен сервис на граѓаните или огласна табла на Владата?”
– Катерина Цаневска Арсовска, новинарка (модераторка)
– Зоран Фидановски, член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– Сефер Тахири, универзитетски професор
-Санта Аргирова, поранешна новинарка во МТВ
– Биљана Бејкова, граѓанска активистка
– Цветанка Иванова, претседателка на Комисијата за
информатичко општество и администрација на СДСМ
20:00 – 22:00 Глумците пуштат музика
– Владимир Лазовски
– Драган Спасов Дац
