Руската “црна листа” е одговор на санкциите. Така Москва лаконски одговори на острите реакции во Европа.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека забраната да влегуваат во Русија на 89 лица е резултат на “кампањата на санкции на неколку земји во Европската унија на чело со Германија”.
Повеќето лица во листата се од балтичките земји, Шведска, Велика Британија и Полска.
Меѓу нив има и еден Бугарин – поранешниот амбасадор во Москва Илијан Василев.
“Ние не можеме да го прифатиме ова решение, бидејќи многу луѓе од оваа листа сакаат да има соработка со Русија, но не се согласуваат со политиката на Путин – политика на агресија и поткопување на мирот во Европа”, коментира претседателот на Сенатот на Полска Богдан Борушевич