Ќе реши ли денеска судот да ја отфрли кривичната против Заев ?

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се изјасни дали ќе ја прифати или отфрли кривичната пријава против Зоран Заев. Кривичарите велат , правно нема основ.

ојо

Јавното обвинителство за оваа кривична пријава се повикува на членот 311 од Кривичниот закон на Република Македонија, Оваа кривична пријава нема никаков правен основ анализира   Либертас.

Член 311

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија со сила или со сериозна закана ќе го спречи нешто да стори или ќе го присили нешто да стори или да не стори во вршењето на неговата должност претседателот на Републиката, на Собранието, на Владата, на Уставниот суд или на Врховниот суд на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Кога ќе се отфрли непотребниот и збунувачки дел од членот на законот, останува следното:

“Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија со сила или со сериозна закана ќе го присили нешто да стори во вршењето на неговата должност претседателот на Владата, ќе се казни со затвор најмалку четири години.“

За појасно да се аплицира овај член врз конкретниот случај, во основа лежи следното тврдење на јавното обвинителство:

“Зоран Заев со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија (???) со сила или со сериозна закана (објавување прислушкувани материјали) ќе го присили нешто да стори во вршењето на неговата должност (да поднесе оставка) Никола Груевски, Заев ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Насилство спрема претставници на највисоките државни органи нема,  веројатно сега  тоа го заклучиле и во судот, и веројтано обвиненито  против лидерот на опозицијата Зоран Заев ќе биде одбиено, или повлечено сеедно.