Мексико е земја на контрасти – од една страна се неверојатно убавите одморалишта, специфичната атмосфера, а од друга – проблемите, опасностите и криминалот. Слично на Бразил, најголемата држава нуди од сè многу. Во првиот дел за Мексико веќе ве запознавме со некои од најинтересните факти поврзани со храната и плажите на оваа земја. Сега е ред на уште интересни факти:
16. Во официјалното такси во Мексико Сити задолжително има обесено државна лиценца и слика на возачот. За да се избегне забуна, најдобро е туристите да ја споредуваат сликата со возачот, пред да се качат во такси.
17. Цената на таксито во Мексико варира во однос на безбедноста . Колку побезбедно е возилото – толку поголема е неговата тарифа. Генерално, сепак таксистите се евтини. Ако се возат тројца-четворица, дури е поповолно да се земе такси, наместо јавен транспорт.
18. На секоја станица на метрото има знак или слика во прилог на името – тие се направени за луѓето кои не можат да читаат.
19. До неколку метро станици има паркинг за велосипеди . Туристите можат да си изнајмат велосипеди, во случај да сакаат да се движат на таков начин. Места со изнајмување велосипеди има распоредени во близина на многу атракции.
20. За жените и лицата со попреченост има посебно место во јавниот превоз.
21. Трициклот е најчесто користениот “транспорт” во малите села.
Време:
22. Мексико Сити се наоѓа во планински регион на надморска височина од 2240 метри. Значи, ако некогаш одлучите да го посетите градот, секако треба да имате подебела облека со себе. Попладневните часови се со пријатна температура, додека наутро и навечер се студени.
Размена на валута:
23. Во туристичките области постојат многу менувачници, но најдобриот избор е да разменувате пари во банките , бидејќи таму курсот е секогаш подобар. Задолжително е сепак да имате пасош со себе.
Медицинска нега и образование:
24. Медицинските услуги за жителите на Мексико се бесплатни, но со многу лош квалитет .Значи, ако ви треба било каква медицинска грижа, најдобро е да отидете во приватна клиника.
25. Образованието исто така е речиси целосно бесплатно. За ученици во гимназијата се обезбедуваат различни социјални програми – вклучувајќи и бесплатна храна и школска униформа. Универзитетите исто така имаат стипендии, но многу од младите луѓе сакаат да не учат, туку да започнат да работат од порано.
Традиција:
26. Двојните имиња се задолжителни за локалното население.
27. ” Quinceañera “е еден од најважните настани во животот на секоја Мексиканска девојка.Таа го симболизира влегувањето во зрелата возраст и се слави кога девојката ќе наполни 15 години. Обично има церемонија во црква, цвеќиња, подароци, професионални слики, танц и музика во живо.
Во галеријата може да најдете прекрасни слики од Мексико.

