
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе последната одлука за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Цената на Еуросупер БС95 останува иста и по полноќ ќе се точи за 70,5 денари по литар. За половина денар поевтинува Еуросупер БС98 кој од утре ќе можете да го купите за 72 денари по литар.
Дизелот поевтинува за денар и од полноќ неговата цена ќе биде 57 денари за литар.