Сергеј Лавров: “Апсурдни” се критиките на ЕУ поради руската “црна листа

од desk3
94 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го нарече “апсурден” револтот на земјите од ЕУ во врска со “црната листа” со 89 истакнати европски претставници, на кои им е забрането да влегуваат во Русија, пренесе Франс прес.

Сергей Лавров

“Дури се мачам да ја објаснувам апсурдноста на слична логика”, изјави на прес-конференција шефот на руската дипломатија. Лавров истакна дека мерките објавени од Москва, се “пропорционални и дури послаби од едностраните санкции на ЕУ”.

“Овие санкции влијаат на личности кои активно поддржаа државен удар, како резултат на кој Русите во Украина беа подложени на прогони и дискриминација”, рече тој. ЕУ, како и неколку членки во него земји како Германија, Белгија, Холандија и Велика Британија, остро ја критикуваа листата, прогласена како одговор одговор на санкциите и на сличната мерка од страна на ЕУ.

Во црната листа на Москва, предаден во петокот на амбасадите, влегуваат 89 истакнати личности, вклучувајќи поранешните премиери, високи претставници од сферата на одбраната, како и парламентарци, критични кон политиката на Русија.

Не сакавме да следиме лош пример како ЕУ и да преземеме бучна кампања за обелоденување на имињата, како што направи Брисел, објасни Лавров, нагласувајќи дека Москва не се обидува да предизвика скандал.

Портпаролот на ЕУ го осуди во саботата потегот на Москва , опишувајќи го како “целосно и неразумно самоволие”.

Црната листа на граѓани на ЕУ беше одговор на непријателски чекори, истакна Лавров по средбата со италијанскиот колега Паоло Џентилони. Ние возвративме на едностран, непријателски и со ништо непредизвикан чин, откако долго време се воздржувавме, рече тој, цитиран од агенциите.

Изработувањето на црни листи, како од ЕУ, така и од Русија, не придонесува за развивање на дијалогот и разредување на тензиите во односите, кои ни се така потребни, рече Џентилони. Несогласувањата меѓу Русија и ЕУ не треба да се одразуваат на дијалогот и соработката меѓу Москва и Рим, истакна тој.

Ние би сакале да нагласиме тоа каков може да биде придонесот на Италија за дијалогот меѓу Русија и ЕУ, додаде италијанскиот министер. Има поклопување во оценките за тоа како да не дозволиме да биде поткопан фундамент во односите Русија-ЕУ, рече Лавров. Русија повикува вниманието да се фокусира на постигнување на директен дијалог меѓу Киев и Донецк и Луганск.