Штрајк на работниците во велешка “Колска”, бараат плати…

од desk3
86 прегледи

Работниците во велешката ” Колска” од денеска штрајкуваат поради три неисплатени плати и недостиг од работа. Во моментов триесет товарни и еден патнички вагон чекаат за поправка,а фабриката нем аработна дозвола. Како што информираа од синдикатот на Колска тие биле примени од министерот за транспорт и врски кој им рекол дека нивниот проблем ќе се најде на владина седница.

images
Работниците во оваа фабрика веќе со години мака мачат со платите и работата. Владата во повеќе наврати ја продаваше фабриката но не најде купци.