Љубчо Георгиевски: Немам сметки во швајцарски банки

од desk3
175 прегледи

Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен во ВМРО-Народна Партија, демантира дека „ниту тој, ниту неговите блиски немаат сметки во Швајцарските банки, иако во јавоста сè погласни се шпекулациите дека неговото име е едно од оние кои поседуваат пари во Швајраските банки„ пренесува АлсатМ.

image.aspx_

„Сакам со големо задоволство да Ве разочарам и да Ви кажам дека ниту јас ниту некој од моето семејство нема сметка во Швајцарија со 54 милиони долари, ниту пак сме поврзани со останатите 9 лица кои имаат 15 сметки во Швајцарските банки колку што беше соопштено дека има. Но, исто така со големо нетрпение чекам да видам кои се имателите на сметките во Швајцарските банки„, изјави за АлсатМ, Љубчо Георгиевски, во телефонски разговор,

Според, истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, во Швајцарските банки девет клиенти од Македонија имаат 15 сметки на кои има вкупно 164 милиони долари, а само еден од нив на сметката чува 54,6 милиони долари.

Извор АлсатМ