Мексико е далечна и егзотична дестинација, која дефинитивно може да ја разбуди желбата да поминeтe илјадници километри за да видите еден нов свет. Во првиот и вториот дел со интересни факти за Мексико веќе дознавте некои детали за мексиканската храна, плажи, транспорт, време, традиции, медицинска грижа и едукација. Следува последниот трет дел, во кој ќе научите уште интересни факти. Еве и кои се тие:
Градови и села:
28. Еднонасочното движење е често во Мексико, бидејќи повеќето улици се тесни. Двонасочно движење се врши само по широки улици, кои обично се нарекуваат “Avenida”.
29. Распределбата на централниот дел на повеќето мали градови и села е следна: има катедрала, зграда на полицијата и во средината парк .
30. Многу сиромашни Мексиканци живеат во “куќи” од трска . Често во овие домови единствениот мебел е хамак.
Рент а кар и осигурување:
31. Повеќето фирми кои се занимаваат со изнајмување на автомобили , не нудат осигурување со целосна покриеност. За да најдете таква фирма, треба доста да се потрудите.
32. Разликата во цената меѓу автомобил за изнајмување со автоматски менувач и таква со рачен менувач не е голема – околу 20 долари неделно.
33. Многу од автомобилите се без регистарски таблички , но “техничкиот пасош” виси на задниот прозорец.
34. Корупцијата е широко распространета меѓу полицијата во Мексико. Секое забележано прекршување на патот започнува со предлог “проблемот да се реши на место”.
35. Не е исклучено да се види мексиканските жени да носат тешки работи на главите , како саксии.
36. Градот на Маите Чичен Ица , вклучен во листата со новите светски чуда, е лоциран на полуостровот Јукатан . Мексико е родното место и на древната цивилизација на Ацтеките.
Национални особености:
37. Ако сте љубители на чипс, бисквити и кока-кола, значи имате среќа, бидејќи овие производи можат да се најдат во секоја продавница, дури и во најоддалеченото село.
38. Друго што може да се најде во селата и малите градови, се игуани . Може да се судрите со претставници на овој вид гуштери во различни бои и големини.