Двајцата демонстранти кои денеска ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност се ослободуваат од притвор. Тие добиле условна казна од три месеци затвор кои нема да се извршат доколку во период од една година не направат друго кривично дело.
За едниот од нив одредена е и дополнителна мерка, лекување од алкохолоизам во психијатриска установа во тек на една година, со тоа што редовно ќе се јавува на лекување за терапија, а доколку се откаже од лекувањето казната ќе се активира. Тој досега неуспешно се лекувал 62 пати од зависност од алкохол.
Демонстрантите рекоа дека изјавите ги даваат доброволно и свесно. Тие се на возраст од 1974 до 1989 година.
Судењето за последната, третата група, која е составена од пет лица, од кои едно лице сè уште е недостапно за органите на прогонот, е предвидено да почне утре.
Протестите беа организирани по објавувањето на т.н. бомба на СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешковски.
В петок ќе има сослушување за двајца демонстранти.
