Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во изјава за МИА уште еднаш порача дека очекувањата на Европската комисија се дека се што е вчера договорено во Скопје и што ќе се додоговри во Бриесл, меѓу Хан и македонските политички лидери, дека треба да се имплементира во добра волја.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на прашањето за реченицата ” транзициски период” пред предвремените избори во април 2016 година, што стои во договорениот документ и дали истиот значи и некаков вид на преодна или транзициска Влада, таа негираше и кажа дека „не би го нарекла транзициски период, туку дека тоа повеќе е состојба во која претстојат предизвици“, потенцирајќи ја независностa на судството и владеењето на правото, како главни предизвици.
За тоа што конретно е договорено во Скопје, портпаролката на комесарот Хан укажа на предвремените избори
– Една од работите што комесарот ги кажа е дека она што е договорено е дека ќе има предвремени избори до крајот на април, следната година и исто кажа дека за бројни прашања треба допрва да се разговара и очекуваме дека ова ќе се случи во следните денови, најверојатно идната недела во Брисел. Тој, исто така, говореше за прашањата за кои ЕК е подготвена да и помогне на земјата да се придвижи напред, кога станува збор за предизвиците кои посебно тој ги спомена како прашањето за независност на судството и тоа што треба да се направи во овој контекст, вели Коцијанчич.
Договорот од Скопје, не е конечен и идната среда (10 јуни) треба да биде потврден од страна на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на уште една средба со еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел.
