Американската амбасада во Скопје со соопштение го поздрави вчерашниот договор постигнат со посретство на еврокомесарот Хан.Амбасадата порачува дека претстојат значајни реформи кои треба да ја подобрат македонската демократија.
„Сите учесници во преговорите се согласија дека овие реформи, кои ќе бидат воспоставени со посредување и помош на ЕУ и на САД, ќе создадат подобра политичка клима во Македонија. Тој пат нема да биде лесен. Следува многу напорна работа, која ќе бара постојана соработка на сите македонски лидери во интерес на земјата“, пишува во соопштението на амбасадата на САД во Скопје.
