Преговарачот Питер Фејт во Скопје

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Дипломатот Питер Фејт вчера беше во Скопје . Разговараше и со власта и опозицијата но за тоа  до каде е спроведувањето на Охридскиот договор. Идејата е на Европскиот институт за мир кој побара за ова извештај од македонските власти.За актуелната крза имало само кафе муабет со посредникот.

piter_fejt1

Главната тема била за што тој во 2001 беше главен медијатор охридскиот ракмовен договор.  Дебатата ја организираше Секретаријатот за европски прашања и Европскиот институт за мир , но разговорите беа затворени за јавноста. Организаторите велат дека во оваа фаза само се разговара за извештајот, а кога ќе биде готов, за документот ќе се расправа јавно.

Во скопскиот хотел Холидеј Ин, дојдоа вицепремиерите за спроведување на Охридскиот договор и за европски прашања, Муса Џафери и Фатмир Бесими, од ВМРО-ДПМНЕ дојде пратеникот Илија Димовски, од СДСМ Фросина Ременски, од ДУИ Артан Груби. Тука беа и професорите Владо Поповски, Ризван Сулејмани, Алберт Муслиу. Но, никој од нив не сакаше да зборува пред камера, освен шт нагласија  дека Питер Фејт не е тука заради политичката криза во Македонија.

Фејт сега е сениор медијатор во Европскиот институт за мир. Институтот е независен партнер на Европската унија и на Европа, кој ја спроведува својата глобална мировна агенда преку посредништво и неформален дијалог. Институтот води и мулти дипломатија и делува како надворешна алатка, како поддршка на посредништвото на Европската унија, онаму каде што Унијата има ограничено влијание.