(ГАЛЕРИЈА) Пастелните езера -чуда на природата

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Овие обоени прозорци од земјата, гледано од птичја перспектива изгледаат како ѕидни панели, насликани со пастели, нели? Но, не се тоа.8393f804b8bb921513aa541e54442cde

Прекрасните шарени фигури претставуваат езера со обоена вода во разни бои.
Разнобојни езера кои ги гледате на сликата, се т.н. испарувачки базени . Компанијата која ги користи, е најголемиот производител на калиум хлорид во САД. Езерата се наоѓаат по должината на реката Колорадо, на околу 30 километри западно од Моуаб, Јута.f443be94cbd6b912fb41975a1a98986c

Езерата заземаат површина од околу 1,5 километри. Оградени се од специјални гумени огради. За да се постигне брзо испарување на течностите и екстракција на солите се користат специјални бои .

Откако калиумот и солите ќе останат, тие се собираат за специјална обработка.

Езерото Солт Лејк во Северна Америка е едно од најголемите солени езера во светот. Кога во 1860 година се наметнува изградба на огромен пат низ езерото, инженерите се поставени пред голема пречка.
Големото солено езеро се простира на 4400 квадратни. километри и е најголемото внатрешноконтинентално солено езеро на територијата на САД.007bd6f81f30ccf007e0df4deedf2dc4

Откако железничката пруга е изградена, овој пат станува прв трансконтинетален железнички јазол кој минува низ таков огромен воден базен. Наречен е Пасифик Рејлроуд (Pacific Railroad), поминувајќи низ планината од Луси дури до северниот крај на езерото до Бригам сити, а на југ до Огдон.

Езерото Натрон во северниот дел на Танзанија е исто така солено езеро. Се наоѓа на границата со Кенија, а на североисток се граничи со кратерот Нгоронгоро.4ae4997f0e399010a3ce7f1f56ec9c94

Зачудувачкото црвено езеро е сместена меѓу вулкански кратери. Најнискиотдел се наоѓа на 600 метри надморска височина. Се смета дека Натрон е најбогато природно езеро со  сода бикарбона.
Езерото е богато со минерални топли извори. Релативно плитко е – длабочината не надминува 3 метри. Минералниот и хлороводороден состав на езерото се менува во зависност од нивото на водата и натриум карбонат.

Хат лагуна е солено езеро во Западна Австралија . Се наоѓа на устието на реката Хат. Водата во езерото е розова поради присуството на два вида алги кои произведуваат органски розово-портокалов пигмент наречен бета-каротин. Овој пигмент се користи како природна боја во различни производи и лекови.04fdf81457e0a5b23ecf6a557265e823

Хат лагуна е најголемиот природен екосистем, претворен во природна фарма за алги наменети токму за добивањето на овој пигмент.

Уште зачудувачки кадри од обоените езера во светот погледнете во галеријата подолу.

ce4ac0dcc2bf97d7e013036d60653cec 744e289b2927286ee4bff5e4dbce6ef1 34f1780174829671df6f55c924bf6460 09372aa680004001260c001b44f69982 ea62e913f5c235bf8ef753ce51250a10 87e7bc6d88dfd28f012be1f65d35285a d1f45047dc0412611431d038389e673e e7f27e9507232d753d60edf8514ecaa6 a2b766ca2a455014647dedbd09a0f2f0 16b797d148f66ff649e78a3f8b029b43 7e9fb4816b83f7a08db5e2889a89f271 009665edd738ce8a218da19e33c9d994