(ВИДЕО) БЕСА ќе протестираат на 13 Јуни за оставки на Груевски и Ахмети

од desk3
94 прегледи

Централниот Одбор на Движењето БЕСА, преку соопштение објави дека во знак на протест за ситуацијата во која се наоѓаат Албанците во Македонија ќе се иницира организирање на протестен марш. Маршот ќе започне на 13 Јуни во 17.00 часот. Почетна дестинација ќе биде од населбата Чаир, додека последна дестинација ќе биде пред Владата на Р. Македонија, каде ќе се прочитаат пораките и говорите на протестот.

110511

Во соопштението „БЕСА“ ги наведува следните барања:

– Ќе бараме неотповиклива оставка на владата Груевски и Ахмети поради партизација на државата, злоупотреба на институциите, неуспехот во интегративниот пат и заради антиалбанскиот пристап;

– Ќе бараме истрага и осуда на сите криминални дела на инкриминираните политичари;

– Ќе бараме од г. Заев да ги објави сите материјали кои се однесуваат на албанските вистини, особено тие што се поврзани со монтираните случаи, како што е случајот „Монструм“ – инаку ќе го сметаме и него како дел од покривање на криминалот:

– Ќе се изјасниме дека по објавените прислушкувања, како и после неуспехот во одбрана на некоја албанска агенда, ДУИ и ДПА не се веќе претставници на Албанците од Македонија и тие немаат веќе мандат да одлучуваат за Албанците во било какви можни преговори;

– Ќе бараме ослободување на осудените од случаите „Монструм“, „Сопот“ и „Бродец“;

– Ќе бараме обелоденување на убиството на Харун Алиу и на неговите пријатели;

– Ќе бараме целосно расветлување на случајот „Куманово“, одговорност од авторите и организаторите на тоа сценарио и итно надоместување на предизвиканите штети на албанските населени места;

– Ќе бараме оставка на вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, бидејќи 11 години по истекување на рокот за имплементација на тој договор, нема веќе никаква смисла за негова имплементација;

– Ќе бараме оставка на вицепремиерот за Евро-интеграции, бидејќи Македонија веќе неколку години назадува во евро-атлантската агенда;

– Ќе бараме оставка на министерот за Правда и на Јавниот обвинител, бидејќи правото во Македонија е целосно партизирана и во суштина е антиалбанска;

– Ќе бараме оставка на министерот за Животна средина поради неговиот неуспех во решавање на проблемот со загадениот воздух во Тетово;

– Ќе бараме оставка на министерот за Образование за повеќето скандали во образованието, како што е и последниот со расизмот кон Албанците во екстерното тестирање;

– Ќе бараме оставка на министерот за Економија, бидејќи албанските населени места во Македонија продолжуваат да бидат најсиромашните зони во земјата и, следствено, иселувањето продолжува да биде најголема болка;

– Ќе бараме оставка на заменик министерот за Внатрешни работи поради случајот „Куманово“;

– Ќе бараме оставка на Претседателот на Собранието на Република Македонија поради неговиот расистички пристап кон Албанците;

– Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија;

– Ќе бараме правична распределба на буџетот на Р.М

– Ќе бараме нов договор за редефинирање на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците.