Хан е пристрасен- Заев нема да оди на состанокот во Брисел

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред малку на прес конференција  изјави дека нема да присуствува на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан закажан за 10 јуни во Брисел,

заевв
Според Заев, изјавата на еврокомесарот Хан во Вашингтон, содржи елементи на пристрасност и не е соодветна за подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел.

– Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ ниту ЕУ, досега не констатираа дека извештајот за изборите во Македонија е позитивен.
– Дадовме максимум во овој сериозен процес и очекуваме тоа да се почитува од сите страни, рече Заев.