Лудакрис и неговата сопруга Еудокси Агнан се здобија со своето прво дете заедно . Двајцата ја објавија среќната вест за раѓањето на нивната ќерка со фотографија на социјалната мрежа. На фрејмот недостасува бебето, но пак се гледа голем розов балон, врзан околу вратот на нивното куче. “Таа е тука” напиша гордата мајка кон сликата.
Раперот, чие вистинско име е Кристофер, веќе има две ќерки на 1 и 14 години од својата поранешна партнерка – Тамика Фулер . 37-годишната ѕвезда од “Бесни 7” соопшти дека со неговата сопруга очекуваат бебе во месец март. Тогаш тој објави фотографија на плажа на двајцата, на која нежно го бакнуваше стомакот на идната мајка.
Еудокси е основач на Unspoken Angels – организација која обезбедува поддршка и едуцира млади жени, жртви на психичко, вербално и сексуално насилство.
Во март пак сајтот TMZ објавија дека поранешната партнерка на раперот Тамика се бори за старателството над нивната 1-годишна ќерка.

Фото: Instagram