Хан ретерира- Заев за разговор за Влада ќе оди во Брисел!?

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Претседателот на СДСМ Зоран Заев можеби и  ќе присуствува на средбата на 10 јуни во Брисел, соопшти партијата, известувајќи за телефонскиот повик до Заев од Јоханес Хан, за кој информираа и од кабинетот на комесарот за проширување. СДСМ вечерва во соопштение порача дека по телефонскиот разговор на Хан со Зоран Заев попладнево, при што е посочено дека ќе се зборува за преодна влада, се отвора можност за реализирање на средбата.

хан заев

„Попладнето, по барање на еврокомесарот Јоханес Хан, беше остварен телефонски разговор помеѓу него и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, комесарот Хан јасно и прецизно ги потврди наводите на ОБСЕ/ОДИХР за неадекватна раздвоеност на државата од партијата, наводите за заплашувања врз гласачи, медиумска пристрасност во полза на владеачките партии и загриженоста на ЕК околу точноста на Избирачкиот список.

Дополнително, тој ја потенцираше потребата за истрага на содржината на објавените разговори, вклучувајќи ги и тие поврзани со изборна измама. Сето ова е јасно прецизирано и во попладневното соопштение испратено од Европската комисија“, се вели во соопштението од СДСМ.

Во телефонскиот разговор, еврокомесарот Хан најави изјава за в понеделник, во којашто и лично ќе ги потврди денешните констатации наведени во писмената изјава на Европската комисија. Од особено значење е што Европската комисија потврди дека на 10 јуни во Брисел ќе се одлучува за организирање Влада којашто ќе ги подготви изборите. Ваквите ставови на еврокомесарот Хан и Европската комисија отвораат можност за одржување на средбата предвидена за 10-ти јуни во Брисел, се вели во соопштението од СДСМ.

Претходно за телефонскиот разговор извести и кабинетот на Јоханес Хан. Професорот Љубомир Фрчковски, во изјава за Кирилица, пак посочи, дека преговорите се целосно компромитирани и дека Заев не би требало да оди во Брисел, во услови кога не е во рамниоправна ситуација, затоа што против него е покренато обвинение за криминал, очигледно политички мотивирано.