Заев: Ќе одам во Брисел но, нема играње под маса

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Ќе одам во Брисел но, колку за доверба,  ја чекам изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан во понеделник, ветена во вчерашниот телефонски разговор, вели  лидерот на опозицијата Зоран Заев

Zoran Zaev (1)

Изјавата нема да  го смени ставот партијата сепак да оди на преговори во Брисел

Заев вели имаат своја стратегија  за преговори  и одат дека со јасни и дефинирани ставови со кои се оди на преговарачката маса  во Брисел но опциите на решавање на кризата ќе се отворат на преговарачката маса.

Тој ги предупреди преговарачите  дека треба да се биде неутрален о и да не се оди со подметнувања под маса. Ако не веднаш тоа ќе го разбреме за некој ден така што треба да се биде фер во процесот порача Заев, и во инерес на Македонија и прсперитетот на државата.

Очекувам искрени чекори во преговарачкиот процес кои како што вели по изборите во април  двете спротивставени страни би си подале рака. Тоа според Заев е возможно ако некој не се обиде да се наметне повеќе од тоа што е дозволено.

Лидерот на СДСМ пред преговорите на 10-ти во Брисел порачува Македонија ке опстане само ако секој ја остави својата лична суета па и  без Груевски и без Заев.