Пуканките се вообичаената храна, со која седиме пред телевизорот кога сакаме да гледаме филм.
Реконструкцијата на киното во домашна средина, сепак може да биде дури и уште повозбудлива од кулинарска гледна точка.
И повкусна, се разбира. Ако сте љубители на чипс и понекогаш си дозволувате да си пружите задоволство со него – значи треба да го пробате во комбинација со сос салца.
Еве ги и потребните производи:
– 3 конзервирани домати – ситно исечкани;
– ¼ чаша сецкан кромид;
– 1 чешне лук – блендиран;
– 1 средно голема лута пиперка – ситно сечкана;
– ¼ лажичка шеќер;
– ¼ лажичка сол;
– ¼ лажичка ким;
– ¼ чаша коријандер (повеќе по вкус);
– Сок од половина лимон;
– Пченкарен чипс;
– Кашкавал;
Начин на приготвување:
* Забелешка: Ако блендерот не е доволно голем, треба да се комбинираат состојките на неколку пати.
1. Комбинирајте ги конзервираните домати, исечениот кромид и лутата пиперка, лук, шеќерот, солта, кимот, сок од лимон и коријандерот.
Фото: thepioneerwoman.com
2. Измешајте добро, додека добиете хомогена смеса.
Фото: thepioneerwoman.com
3. Во соодветна мала чинија ставете од готовата смеса.
Фото: thepioneerwoman.com
4. Во меѓувреме изрендајте кашкавал врз чипс и ставете го малку во микробранова печка, додека не се стопи.
Фото: thepioneerwoman.com
5. Послужете сè заедно. Добар апетит!