Името Street View на популарната услуга на Google постепено почнува да не одговара на директното значење (уличен поглед). Откако компанијата додаде кон Street View познати галерии, патувања по реки како Дунав и глетки од врвови на планини, сега е време и за океанското дно.
Интернет гигантот има подготвено колекција од интерактивни слики од дното на неколку океана. Тие се направени заедно со неколку организации и се посветени на Светскиот ден на океаните, кој е на осми јуни. Главната цел не е да се покаже убавината на океанското дно, туку да се насочи вниманието кон штетата што човештвото ја нанесува на животната средина . Тоа ќе се случи со текот на времето, бидејќи екипите ќе ги посетуваат избраните места повторно и повторно и ќе ги обновуваат фотографиите. Конечно ќе има визуелно претставување на загубите, кои се предизвикани од риболов, загадувањето и климатските промени.Google го развива проектот веќе четири години и размислува склучувањето на уште партнерства за да се снимат уште повеќе места.