МВР ќе ги проверувала информациите за куќата во Ваксинце на британската новинарка

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Откако завчера британскиот Канал 4 ја објави репортажата за наводното киднапирање за сириски мигранти во земјава, кои се држеле во заложништво во куќа во селото Ваксинце, портпаролот на МВР Иво Котевски за 24Вести изјави дека Министерството ги проверува информациите, но и додева дека новинарката изнела и неточни информации.

vaksince

„Веднаш по добиениот повик од британскиот медиум преземавме мерки да се проверат овие информации, можеби има такви случаи иако се потврдат ќе бидат превземени соодветни мерки. Има дел неточни информации во текстот на новинарката. Не е точно дека ние ги товариме емигрантите туку тие доаѓаат товарени од Грција б.Доаѓаат и по 2500 луѓе на ден и нашите службеници кога ќе ги откријат ги враќаат назад“, изјави Котевски.

Повеќе за репортажата на британскиот Канал 4 – тука.