– Малиот Мухамед и татко му се од Алепо/Халеп, Сирија. На својот пат кон Германија застанал да се одмори во Демир Капија. Ме молеше да го земам:
“Јас и синот сме чисти. Облечени во нови алиста. Земи нè со вас. Малиот не може да оди повеке!”

Кога му реков дека не.смееме и дека е забрането, реце:
“Каква земја е оваа? Не смееме да се возиме, па одиме пески 3 дена. Нè тепаа пред овој град (Д.Капија) за да ни ги земат парите, а полицијата наместо да нè заштити, не ни дозволува да се кациме на воз! Каква е оваа неправда? Зошто не е како во Грција?”
Му објаснив дека убаво се.средил, нека се качи на следниот воз и нека седне подалеку од другите.мигранти и нека не зборува многу…”
И неколку цаса подоцна од станицата во Градско ги видовме на возот за Куманово, нè познаа и ги познавме додека ни мавтаа и ни заблагодаруваа…
Се надевам дека ке стигнат живи и здрави!
фејсбук статус на Јасмин Реџепи.
По денешната хуманитарната акција во Демир Капија, истите луѓе од таму ги видовме неколку часа подоцна во возот кој застана на Железничката станица Стоби. Тие нè познаа нас а и ние нив, ко што може да се види и да се чуе.
Се надевам дека полицијата нема да се попречи на нивниот тежок пат и да ги симне од возот.