Социетас Цивилис: Нема анализи -парламентот неатрактивен

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Во март може да се забележи зголемена тенденција на едноставно пренесување на информации во кои само се известува за случувањата во и околу Собранието и намалување на процентот на информации во кои се анализира содржината на настаните.

112094
Ова е дел од заклучокот од мониторингот на медиумското известување за работата на собранието во март годинава кое го спроведува Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје.

Јавноста останува генерално недоволно информирана од страна на медиумите за случувањата во Собранието, законите кои се разгледуваат и аргументите кои ги изнесуваат пратениците на седниците, се наведува во седмиот извештај на организацијата.