(ВИДЕО) Невладините за илегалното прислушување ќе се организираат за да ги гонат сторителите

од desk3
96 прегледи

По доделувањето на папките со прислушувани разговори на невладиниот сектор, Џабир Дерала од невладината „Цивил“ изјави дека е згаден од разговорите и ќе се консултира со правен сектор за да се исцрпат сите законски мерки за да ја задфоволат правдата и ќе бара отштета за одвратното чувство кое го има во моментот.

Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование,пак вели дека во координација со останатите прислушувани невладини организации ќе поведат судска постапка која евентуално би завршила во Стразбур.

 

Извор и видео: А1он