Во 18 часот протестен марш за Тамара

од desk3
115 прегледи

11392794_1659462790939410_8109019771294263139_n-540x201
По четири месеци од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи операција во странство, граѓанската иницијатива „Протестирам“ во 18 часот протестно ќе маршираат од Владата до министерството за здравство.

Протестирам повторно ќе бара оставка од министерот Никола Тодоров .

– Да им покажеме на властите дека не сме ја заборавиле Тамара, дека бараме правда за неа и дека нема да дозволиме убијци на деца да бидат на власт, велат од Протестирам.

– Ќе бидеме доволно гласни за и во Брисел да се слушне дека каква било преодна влада која би вклучувала отчовечени властодршци како Тодоров е неприфатлива – се наведува во нивното соопштение.