Има ли нешто поубаво од пица и добар филм?! Пица и добар филм на проектор!
Бидејќи не секој може да си дозволи домашно кино и проектор, Пица Хат одлучи да им овозможи на своите потрошувачи едно неверојатно искуство со помош на модификација на нивната кутија за пица.
Новата „Блокбастер кутија“ доаѓа во пакет со леќа за проектор која се вградува во самата кутија и за филмска проекција ви е потребен само уште вашиот смартфон. Ако не ви се верува, погледнете го видеото!